Вкупно 77.621.582 автомобили биле произведени минатата година. Како и години наназад, најмногу автомобили се произведени во Кина и тоа 25.225.242 нови автомобили. Тоа претставува мал пад споредбено со 2019 година кога беа произведени 25.720.665 нови автомобили. Со ова, а благодарение и на пандемијата на коронакризата и други трендови, продолжува падот на производство на автомобили во оваа земја кој започна во 2018 година.
САД со произведени 8.822.399 автомобили се наоѓа на третата позиција што е пад за нешто повеќе од 2 милиони споредбено со 2019 година. Третата позиција е резервирана за Јапонија каде беа произведени 8.067.557 нови автомобили.
На листата од топ 10 најголеми производители на автомобили се наоѓаат само три земји од Европа. Најдобро пласирана, четврта, е Германија со произведени 3.742.454 автомобили. Шпанија со произведени 2.268.185 автомобили се наоѓа на позицијата број 8, а на десетата позиција е Русија со 1.435.335 нови автомобили.
Меѓу нив се наоѓаат Јужна Кореја (3.506.774), Индија (3.394.446), Мексико (3.176.600) и Бразил (2.014.055). Со годишно производство од над 1 милион возила, минатата година завршили уште и Тајланд, Канада, Франција, Турција, Словачка и Чешка.