За колку пари можете да купите користено Ferrari во Германија? Во моментов на најпопуларниот германски сајт за половни автомобили mobile.de огласени се 3.063 половни Ferrari автомобили. Има од различни модели и години, но дали знаете по која цена се продаваат?
Цените на овие половни Ferrari автомобили се движи од 17.900 евра па се до неверојатни 9.999.999 евра.
Најевтиното Ferrari е од моделот Mondial произведен во 1983 година. Овој автомобил опремен со 3.0 литарски бензински мотор. Сигурно се прашувате зошто ова класично возило се продав по таа цена. Причината е во тоа што е оштетено односно овој автомобил бил удрен, а и состојбата во која се наоѓа не е баш сјајна.
Најскапото половно Ferrari чија цена е речиси 10 милиони евра, е од моделот LaFerrari Aperta POA. Првата регистрација на овој автомобил е јуни 2018 година, а има поминато се на се 1.520 км. По овој автомобил следат три автомобили од моделот LaFerrari Aperta чија цена се движи од 4.225.900 евра па се до 4.380.000 евра.
По цена од 3.880.000 евра се продава Enzo Ferrari со поминати 41.284 км, а произведен 2004 година. По цена на еден милион евра се продаваат над 50 автомобили од италијанскиот бренд.
Сепак доколку планирате да купите некој од огласените Ferrari модели и при тоа да го увезете во Македонија, ви следува 20% поврат на ДДВ.