Harley-Davidson веќе има посебен бренд за електрични мотоцикли

ОБЈАВЕНО НА:

Легендата Harley-Davidson објави дека лансира целосно нов бренд – LiveWire, чие портфолио ќе вклучува целосно електрични мотоцикли.

Од Harley-Davidson споделуваат дека LiveWire е повеќе од мотоцикл и ветуваат новиот бренд да ги испише стандардите за електрични мотоцикли, нудејќи го најдоброто можно искуство за мотоциклите.

Првата понуда на пазарот, кој Harley-Davidson ќе ја даде под новиот бренд е планирана за лансирање на 8 јули, а премиерата ќе биде одржана на International Motorcycle Show еден ден подоцна.

Првично, проиводите на LiveWire ќе бидат фокусирани на движењето во градска средина, а се очекува портфолиото значително да биде проширено.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK