Во февруари минатата година беше потврдено дека кинеските производители Silk EV и First Automobile Works (FAW) ќе произведуваат автомобили во Италија. Сега оваа информација е официјално потврдена, а објавени се и првите детали.
Фабриката ќе започне да се гради годинава, а ќе биде лоцирана во Реџо Емилија. Инвестицијата на овие два производители ќе биде поголема од една милијарда евра, а истата ќе се реализира во наредните три години преку компанијата Motor Valley.
Џонатан Кране изјави дека изборот на локацијата паднал поради фактот дека Реџо Емилија е најважниот регион за автомобилската индустрија потенцирајќи дека истата ги исполнува сите логистички и производствени потреби.
Во овој регион, кинескиот производител ќе им се приклучи на Ferrari, Lamborghini и Pagani кои веќе произведуваат автомобили во овој регион, а Motor Valley првиот автомобил се очекува да излезе кон крајот на 2023 година.