Новиот Jeep Compass отсега и во понудата на македонскиот пазар

ОБЈАВЕНО НА:

Јеер Compass е комплетно нов модел, со силна естетска персоналност – демонстрирана со уште пософистициран и карактеристичен стил, секогаш верен на стилот на марката – со одлична динамика на возење на патот и најпрефинета технологија на полето на безбедност и поврзувањето. Сето тоа засилено со реномираните 4×4 капацитети на Jeep, карактеристика што го одржува 80-годишното лидерство во возење надвор од патот.

Новиот Compass е опремен со низа ефикасни термички и plug-in хибридни мотори, сите одобрени по Euro 6D Final и со комплетен спектар на врвни системи за активна и пасивна безбедност што го доведуваат до извонредност динамичкото однесување на возилото, како и единствените 4×4 капацитети на марката Jeep.
Новиот модел се карактеризира со подновен high-tech профил, истовремено задржувајќи го својот единствен урбан дух, модерен, софистициран, насочен кон заштита на животната средина.

Се одликува со нова надворешност во знак на елеганцијата и современоста и комплетно нов патнички простор, збогатен со нови високо технолошки содржини дизајнирани, да ги подобрат удобноста и престојот во автомобилот и да го направат поинтуитивно искуството при возење низ град. Тоа вклучува 10,25″ Full HD дигитална инструмент-табла, DAB радио, систем Uconnect 5 со екран на допир до 10,1″, сега поставен во центарот на контролната табла на повисока позиција за да му овозможи на возачот секогаш да го држи погледот на патот. Потоа, пет пати побрз процесор, Android оперативен систем со безжично приклучување на паметните телефони Apple CarPlay и Android Auto и природно препознавање на гласови и услуги за Uconnect.

Покрај тоа, внатрешноста е уште пофункционална со новата организација на просторот на централната конзола и зголемените решенија за складирање на предмети за околу три пати, еднакво на 4,4 литри повеќе (т.е. од 2,8 литри од претходната верзија, до 7,2 литри од новиот модел), како и со посовремениот, карактеристичен стил благодарение на новата контролна табла, која е сега поелегантна и се одликува со квалитетни материјали и докажани технички детали: од новиот централен тунел, до новиот управувач, од новиот тапацир на панелите на вратите до новите финални обработки и материјали за внатрешноста.

Новиот Compass е првиот Јеер во Европа што достигна ниво 2 (L2) на автономно возење и е опремен со најновата генерација ADAS каде се вклучени: Traffic Sign Recognition – Препознавање сообраќајните знаци, кој ги чита и толкува сообраќајните знаци на патот; Intelligent Speed Assist – Интелигентна асистенција за брзината, кој автоматски го одржува возилото во наведените ограничувања на брзината; Drowsy Driver Alert – предупредување за замор на возачот, кој го предупредува возачот дека е време за пауза, откако детектирал намалено ниво на внимание; и Automatic Emergency Braking- автоматско кочење во итни случаи со препознавање пешаци и велосипедисти, што го забавува возилото до запирање за да се избегнат (или ублажат) можните незгоди. Но, најважната нова опција е Highway Assist, која комбинира Adaptive Cruise Control и Lane Centering – адаптивен темпомат и Одржување во коловозна лента, односно автоматско прилагодување на брзината и траекторијата. На овој начин, автомобилот се одржува во центарот на лентата и на претпазливо растојание од возилото пред него, сè за спокојно возење.

Новиот Jeep Compass, исто така, доаѓа со нова гама, која сега се раѓа со вкрстување на четири конфигурации (Longitude, Limited, 80°Anniversary и S). Понудата за бензин вклучува 1.3-литарски мотор GSE, со моќност од 130 и 150 КС во комбинација со шестстепен мануелен менувач и менувач со двојна спојка DDCT, и двата со погон на предните тркала. За да се докомплетира понудата на мотори тука е и 1.6-литарскиот дизел со 120 КС во комбинација со шестстепен рачен менувач и погон на предните тркала. Гамата на plug-in hybrid има две нивоа на моќност – 190 и 240 КС, со шестбрзински автоматски менувач и погон на сите тркала eAWD.

Соопштение на Аутомобиле СК

Следете не и на:

24AUTO NETWORK