Саемот во Минхен сепак ќе се одржи есенва

ОБЈАВЕНО НА:

Саемот за автомобили во Минхен сепак ќе се одржи. Организаторите потврдија дека овогодинешниот саем ќе се одржи од 18 септември до 3 октомври и покрај воведените мерки и откажувањето на популарниот Октоберфест.

Потврда за учеството на овој саем дојде од Mercedes-Benz, BMW, Opel, Audi, Volkswagen, SEAT, Skoda, Lamborghini и Porsche. Во текот на наредните месеци оваа листа се очекува значително да се збогати.

Доколку навистина се одржи овој саем, тогаш тој ќе биде прв европски саем за автомобили кој се одржува на европско тло по пауза од 20 месеци. Минатогодишните саеми во Женева, Франкфурт, Париз, Торино и други градови беа одложени поради пандемијата на коронавирусот.

За потсетување, одржувањето на саемот за автомобили во баварскиот град е алтернативата за минатогодишното откажување на семот во Франкфурт. Всушност отсега популарниот саемо за автомобили во Германија наместо во Франкфурт ќе се одржува во Минхен.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK