Македонците во Twingo Cup викендов на Slovakia Ring

ОБЈАВЕНО НА:

Интернационалните настапи на македонските возачи во Twingo Cup продолжуваат викендов со настап на патеката Slovakia Ring во Словачка. Таму ќе се вози втората трка од Twingo Eurocup, a истата трка ќе се бодува и за првенството на Македонија. Пријавени се вкупно 27 возила, од кои осум Македонци, сите од AKK Renault Sport и AKK Swift Racing. Меѓу оние што се пријавени има возачи од Словенија, Србија, Италија и Унгарија.

Патеката Slovakia Ring има ФИА лиценца, долга е 5.922 метри и важи повеќе за техничка патека. Во петок ќе бидат слободните тренинзи, а по една трка ќе се вози во сабота и недела. Во сабота во 11,40 се квалификациите, а првата трка е закажана за 16,10 часот. Ќе се вози 25 минути. Втората трка е планирана за во недела во 10,50 часот.

Истито викенд во Словачка, покрај Twingo Cup ќе се возат и неколку други тркачки серии, меѓу кои најпознатата е TCR Europe каде настапува нашиот Виктор Давидовски. Истиот викенд ќе се вози и TCR за Источна Европа, потоа Clio Cup i Mazda MX5 Cup и ESET Cup.

Twingo Cup се организира од страна на Automotive Group и планирано е да се вози три сезони. Секоја сезона награда за победникот е парична, а на крајот од третата сезона најдобриот возач ќе освои електрично возило Renault Twizy.
Победник на првата сезона е Мартин Делев, но сезонава тој не вози бидејќи има проблеми со неговата лиценца бидејќи е казнет од АФМ.

Сите возила се подеднакво подготвени од страна на организаторот и никој од натпреварувачите не може да влијае на подобрување на перформансите. Возилата се чуваат во Скопје, а возачите со нив тренираат и се натпреваруваат на трките. Сите имаат исти услови за тренбирање и возење.

На првата тркта возена на Хунгароринг на 17 април победи Словенецот Ник Стефаничич. Од македонските возачи (Првенство на Македонија) првите три места во бодувањето за домашното првенство ги освоија Мартин Костовски, Ангелче Стојковски и Милан Ѓорѓиевски. На оваа трка Мартин Костовски го имаше и најбрзиот круг на патеката.
Во втората трка Македонските возачи беа уште подобри, и имаше петмина во Топ-10. На Малинковски за малку му избега подиум. Давид Малинковски беше победник во бодувањето за првенството на Македонија, пред Слободан Трајковски и Ангелче Стојковски. Севкупен победник на оваа трка беше Словенецот Матеј Ивануша.

Во оваа втора сезона на Twingo Cup покрај трката на Хунгароринг што се возеше, и оваа во Словачка, треба да има уште четири интернационални трки: двапати на Серез (Грција), Гробик (Хрватска) и Ред Бул ринг (Австрија), плус две домашни трки во Кичево и уште две ридски патеки.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK