Како што може да кажеме дека кацигата ја штити вашата глава, тоа истото важи и за гумите на автомобилот. Експертите од еден од најпознатите брендови посочуваат седум тајни за тоа како да го продолжите животот на гумите на вашиот автомобил, како и да се намали потрошувачката на горивото.
Можете да прочитате во продолжение кое се седумте тајни.
1. Проверувајте редовно дали завртките на тркалата се добро стегнати не само за време на монтирањето на тркалото. Се препорачува тоа да се прави најмалку на секои три месеци или 10 илјади километри.
2. Додека ги проверувате завртките на тркалата, можете во исто време да го проверите и притисокот во гумите. Најдобро е да се користи точно калибриран манометар. Во овој случај најдобро е да ги следите препораките за притисок од производителот на автомобилот.
3. Кога менувате гуми, треба да ги проверите вентилите. Доколку е неопходно, тие треба да бидат заменети со нови, ова воопшто не е скапа операција.
4. Треба да се запомни која гума каде била монтирана претходниот пат. Кога се подготвуваат за новата сезона, тие треба да бидат разменети, односно оние што беа напред да се монтираат одзади. Тоа ќе го продолжи животот на гумата.
5. Исто така, пред монтирањето, балансирањето е задолжително. Треба да биде проверено и корегирано, доколку е неопходно и на специјална машина.
6. Исто така, мора да се провери и балансот на тркалата. Ова ќе му помогне на автомобилот како целина и шарата на гумите ќе се троши рамномерно.
7. И последното нешто – не вртете го воланот залудно, односно кога автомобилот не е во движење. Како дополнување кон намалување на притисокот над компонентите на управувачкиот систем ова ќе помогне и во заштитата на шарите на гумите.