Хамилтон со бојкот на социјалните мрежи

ОБЈАВЕНО НА:

Спортистите во Велика Британија и ширум светот со нов вид на протест против расната дискриминација. Тие најавија бојкотирање на социјалните мрежи. Оваа акција првично беше иницирана од фудбалерите на Островото, а на нив се приклучи и Луис Хамилтон.

Фудбалскиот сојуз на Англија и останатите спортски организации нема да ги користат социјалните мрежи од петок од 15 часот по локално време па се до крајот на понеделник. Целта е да се покрене свеста за дискриминација и вербално насилство на кои мета се многу спортисти преку социјалните мрежи.

“Не донесов јасна одлука во врска со ова, но јасно е дека расизмот е и понатаму голем проблем. Социјалнтие мрежи мора да направат што е можно повеќе како би можеле да се бориме против ова, така да ја поддржувам оваа иницијатива” изјави Луис Хамилтон.

Хамилтон важи за спортист кој последните години се бори против дискриминацијата и насилството. За потсетување, тој на една трка се појави со маица на која пишуваше да се уапси полицаецот кој го уби Бреон Тејлор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK