Кога станува збор за одење на лов најчесто се зборува дека идеално возило е некој СУВ, кој изгледа робусно и со кое можете да минете на речиси сите предлеи на кои ќе наидете. Но, сепак некои клиенти посакуваат и поинакви возила. Не е многу често во САД да видите возило за одење на лов што не е пикап. Благодарение на компанијата по име Starwood Customs, сега има и Toyota Prius специјално подготвен за да му помогне на еден ловџија во Тексас.
Starwood Customs има огромно искуство во правење на офроуд возила и возила за на лов, но ова е првпат да користи Prius како основа за една од своите креации. Нема информација колку чинело претворањето на овој Prius во возило што го гледате пред вас, но сметаме дека вредеше секој денар.
Украсувањето на надворешноста на автомобилот е со мат зелена боја, што ќе помогне да се осигура дека ќе се вклопи во шумата, дозволувајќи му на сопственикот да се прикраде до пленот без да го издаде. Сепак, не е само новата шара на бои она што е најголемата разлика помеѓу овој Prius и стандардната верзија.
Toyota Prius за лов
Компанијата кој ја направи трансформацијата стави наменска платформа за лов. Резултатот може да изгледа малку чудно, но оваа креација е за сите практични и ги вклучува и сите држачи за пушки што некогаш би можеле да ви бидат потребни со ова возило за лов. Исто така, опремен е со тркала и гуми за каллив терен за да се обезбеди дека може да се справи со некои груби тексашки терени.
Другите модификации што се направени во Prius вклучуваат поставување на макара за влечење напред, карго решетка и товарна решетка поставена на покрив што може да носи резервно тркало.