И покрај пречките од невладините организации, Tesla продолжува интензивно да ја гради својата прва фабрика во Европа лоцирана во близина на Берлин.
Иако Маск првично најави дека во оваа фабрика ќе работат 40 илјади работници, оваа бројка значително се намали и сега официјалните информации говорат дека во Гига Берлин ќе работат не повеќе од 12 илјади работници.
Речиси илјада лица веќе потпишале договор со Tesla, а околу 7 илјади ќе бидат вработени до крајот на јули. Останатите 4 илјади ќе бидат вработени до крајот на годината.
Тоа е според планот, но во реалноста, Бизнис Инсајдер пишува дека американскиот производител се соочува со реален проблем околу обезбедувањето на работници за оваа фабрика па не е чудно истите да бидат “увезени” од соседна Полска и останатите европски земји.