На почетокот на овој месец, првиот човек на Alfa Roemo, Жан Филип Импарата, го потврди одложувањето на премиерата на моделот Tonale која требаше да се случи оваа година. Причината за оваа одлука произлегува од желбата на Импарата да овозможи простор и време за подобрувње на техничките карактеристики на овој модел.
Сега, италијанските медиуми пишуваат дека Alfa Romeo и официјално ќе ја напушти Џорџо платформата развиена од страна на FCA која е се користи во моментов кај моделите Giulia и Stelvio на Alfa Romeo и новата генерација на Jeep Grand Cherokee.
Итлијанскиот бренд кај своите нови модели ќе ја користи STLA платформата која треба да биде претставена во наредниот период, а која нуди бројни поволности за целосна или делумна електрификација.
Потврдено е и дека до крајот на оваа година ќе биде претставен и стратешкиот план за идниот развој. Во него, место има за моделот Tonale кој доаѓа на почетокот на следната година како и моделот Brennero кој ќе биде претставен во 2023 година.