VW ID.4 е „Светски автомобил на годината“ за 2021

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај главната награда на „Светски автомобил на годината„ што го доби VW ID.4, беа доделени и награди во неколку категории, што ги добија: Mercedes Benz S Class, Porsche 911 Turbo, Honda e, и Land Rover Defender.

Иднината е во електричните возила, а тоа го покажа и изборот за „Светски автомобил на годината“ каде титулата ја понесе VW ID.4. Германскиот модел победи во конкуренција на Honda e и на Toyota Yaris кои беа финалистите во изборот.
Во Изборот учествуваат повеќе од 90 меѓународни автомобилски новинари од 24 земји, кои гласаат за најдобрите иновации на светскиот пазар. VW доби 798 бодови, пред Honda e која имаше 742 бода и Toyota Yaris со 732 бода.

Возилата што ги исполнуваат условите за учество во Изборот на „Светски автомобил на годината“ мора да бидат произведени во најмалку 10.000 единици годишно и да бидат понудени на најмалку два континента.

Жирито ја пофали еколошката чистота без директни емисии, како и иновативните карактеристики на ID.4. На пример, иновативниот дисплеј за зголемена реалност е опционално достапен. Може да проектира важни информации на шофершајбната, како што се стрелките на системот за навигација.

Возачот ги гледа овие информации како тродимензионална, слика на очигледна оддалеченост од три до десет метри пред возилото. Ова значи дека дисплејот е совршено интегриран во реалниот надворешен свет. Кога адаптивниот круз контрол (ACC) или помошта за патување (опционално) се активни, возилото пред ID.4 е обележано со светлосно обележување на главниот дисплеј од одредена брзина за да може да го задржи потребното растојание.

Со ова на 17-тото издание на наградата „Светски автомобил на годината„ моделот ID.4 ја продолжува успешната приказна на VW на овој натпревар. VW планира да испорача околу 150.000 ID.4 возила во светот годинана.

Покрај главната награда на „Светски автомобил на годината„ што го доби VW ID.4, беа доделени и награди во неколку категории.

*Светски луксузен автомобил
Mercedes Benz S Class

* Светски спортски автомобил
Porsche 911 Turbo

* Светски урбан автомобил
Honda e

* Светски дизајн на годината
Land Rover Defender

Следете не и на:

24AUTO NETWORK