Новите светла на VW Polo – премиерата најавена за 22 април

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen го потврди доаѓањето и промоцијата на Polo oд моделската 2021 и тоа за 22 април, објавувајќи официјален рендер што го најавува ажурираниот стајлинг на предниот дел на возилото.

Илустрацијата го става во центарот на вниманието новиот дизајн на предните фарови, кој е малку потенок во споредба со моделот во заминување, со посовремен LED DRL потпис. Двата кластери се чини дека се споени со тенка светлосна лента, прекината од логото на компанијата што се наоѓа на малку ажурираната решетка.

Прототипот што беше фатен од папараци фотографите при тестирање на отворено на почетокот на годината открива нов заден крај на возилото, со повеќе издолжени задни светла инспирирани од Golf 8. Задниот дел има многу помеки линии, а новиот браник завршува со различен дифузер, кој има лажни украси за издувни гасови.

Се тврди дека освеженото Polo ќе го прикаже своето име во средината на задната врата, под логото на „VW“, исто како и неговите поголеми браќа и сестри, и веројатно ќе добие нови тркала, а можеби и ревидирана палета на бои.

Внатрешноста ќе добие неколку подобрувања, со тоа што производителот на автомобили изјави дека „новите технологии си го наоѓаат својот пат, инструментите стануваат се повеќе дигитални и, благодарение на поголемите вмрежување, патниците се „секогаш вклучени“.

Семејството на мотори најверојатно ќе се пренесе од актуелниот модел, иако некои единици би можеле да добијат блага хибридна помош. Се очекува 2 литарскиот мотор со 197 КС и 320 Нм. вртежен момент да се појави во Polo GTI.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK