Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата што ќе важат од ноќеска, па се до следниот понеделник. Според најновата одлука за половина денар поскапуваат Еуросупер БС-95 и дизелот, а цената на Еуросупер БС-98 останува иста.
Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 67,5 денари за литар, а на дизелот 58,5 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-98 останува 69 денари.
Покачувањето на цените, РКЕ го образложува со порастот на цените на нафтените деривати на светските берзи во изминатите седум дена, како и понискиот курс на денарот во однос на доларот.