Volvo со зголемување на продажбата во првиот квартал од 2021

ОБЈАВЕНО НА:

Volvo Cars го објави извештајот за првиот квартал годинава. Според истиот, продажбата во првите три месеци забележа пораст од 40,8% споредбено со истиот период минатата година продавајќи при тоа 185.698 нови автомобили.

Шведскиот производител забележа пораст на сите три важни пазари. Во Кина продажбата е зголемена за 117,7%, а најголем придонес во продажбата има моделот S90.

Во САД продажбата е зголемена за 39,8% па така таа изнесува 27.239 автомобили. Најголем дел од продажбата во оваа земја припаѓа на SUV моделите на Volvo. Најмало процентуално зголемување има продажбата во Европа која се зголеми за 24%. На Стартиот континент во првиот квартал продадени се вкупно 87.457 автомобили што ја прави Европа најголем пазар на Volvo.

Најпродавани три модели на Volvo на сите овие пазари се: XC40, XC60 и XC90.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK