Stellantis работи на комби со погон на водород

ОБЈАВЕНО НА:

Електричните комби и комуналните возила повеќе никого нема да изненадуваат. Сепак, Stellantis има намера да оди чекор понатаму со развојот на комби на погон на водород. Доколку сè биде според планот, првите примероци доаѓаат на патиштата во текот на оваа година.

Информациите за комби со погон на водород официјално ги потврдија претставниците на концернот на кои се повикува угледниот портал Automotive News Europe. Според извештаите на ANE, хибридните комби возила се темелат на веќе познатиот дизајн со електричен погон. Станува збор за примероците како штос е Citroen e-Spacetourer или Opel Zafira e.

Што се однесува во изгледот, опремата и основните технички решенија, водородните верзии не би требало значајно да се разликуваат од нивните електрични колеги. Погонот се темели на технологијата на горивни ќелии и ќе биде поинаков. Како што известуваат од Automotive News Europe, дометот со едно полнење со ова гориво ќе биде околу 400 километри, а самата постапка на полнење нема да трае повеќе од пет минути.

Уште не знаеме точни технички податоци, но веројатно наскоро ќе добиеме повеќе информации. Stellantis не крие дека сегментот на помали господарски возила е едно од клучните подрачја за дејство на концернот, па затоа и одлуката за проширување на понудата на погон на други, алтернативни извори на енергија.

Класичниот мотор со внатрешно согорување, електричниот погон и погонот на водород, три целосно различни видови на сила во асортиманот се нешто со кое моѓат да се пофалат многу мал број на проиведувачи. Особено што уште се зборува за сегментот со прилично едноставни и релативно евтини комби возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK