Ако се решавате наскоро да купите автомобил од компакната класа ова може да ви биде добра водич.
Таканаречената „голф класа“ на автомобили е најпопуларна кога станува збор за возилата што се продаваат. Тука е најголемата борба меѓу производителите кои се обидуваат да направат што подобар хечбек и истиот да биде најпродаван. Листата на конкуренти е навистина долга.
Автомобилските експерти од Германија составија еден интересен рејтинг на најдобрите компактни автомобили за 2021 година. Поконкретно станува збор за новите генерации на автомобили од таканаречената Golf класа, кои се познати уште и како компактни автомобили.
Се разбира дека секогаш постојат различни критериуми по кои се водат луѓето кога се решаваат да купат автомобил. Но, секогаш постои некоја листа на тоа кои се најдобрите, најпосакуваните, најиздржливите…
Во оваа класа се подредени од 10. кон 1. место најдобрите возила од компактната класа.
10.Mаzdа 3
Автомобил со извонреден дизајн и добра опрема. Информацискиот и забавниот систем е на врвно ниво, а квалитетот на ентериерот е споредлив со оној на премиум брендовите.
9.Mеrсеdеs-Bеnz А-Klаssе
Безбеден, сигурен модел со посебен изглед. Многу од семејствата го претпочитаат овој автомобил и покрај неговите димензии.
8.Tоyоtа Соrоllа
Хибриднo возило со многу ниска потрошувачка на гориво и ниски емисии на јаглерод диоксид. Одличен избор за приватни клиенти, но и за службени автомобили.
7.BMW 1
Автомобилот има добро управување и висок квалитет на елементите и на самата склопка. Покрај тоа е со погон на предните тркала и со интуициски инфо-забавен систем.
6.Vоlkswаgеn Gоlf
Најновата верзија на автомобилот им нуди на купувачите многу од првокласните функции, кои би ги очекувале во поскап автомобил, но со разумна цена. Разочарувачки е само расеаното ракување со дигиталните контроли на контролната табла.
5.Аudi А3 Spоrtbасk
Квалитетот на ентериерот може да не е толку добар во споредба со претходниот модел, но автмобилот е многу подобар. А3 обебедува удобно, пријатно патување и има место за сите во семејството. Моделот располага со понуда од квалитетни бензинови, дизел и хибридни модели.
4.Fоrd Fосus
Автомобилот радува со одлично однесување на патот и многу пријатно управување и возење. Заслужува да се одбележи просторниот ентериер.
3.Skоdа Sсаlа
Неверојтен семеен автомобил со разумна цена. Во исто време мекото возење, доброто управување, висококвалитетниот информациско-забавен систем, местото на задните седишта и просторниот багажни се одлична вест.
2.Skоdа Осtаviа
Најновата Осtаviа на патниците ќе им обезбеди удобен ентериер. Исто така има и многу простор за багаж, што им недостига од конкурентите. Еконоичните мотори овозможуваат долги патувања.
1.Sеаt Lеоn
Овој хечбек располага со добра опрема и доволно место како за патници, така и за багаж. Покрај тоа цената не е висока и оперативните трошоци се едни од најниските. Кон ова може да се додаде и одлично завршениот ентериер и широката понуда на мотори.
Ако се решавате наскоро да купите автомобил од компакната класа ова може да ви биде добра водич.