Nissan Patrol NISMO ќе дебитира со 428 КС (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

За време на специјално организираниот настан Expo 2020 Dubai, одделот на Nissan за Блискиот Исток пред светот ја претстави новата верзија за 2021 година, на логото на Nissan Patrol NISMO.

Инспириран од своите тркачки автомобили, Nissan сподели дека Patrol NISMO 2021, кој ќе биде достапен исклучиво на локалниот пазар, комбинира импресивен екстериер, обновен луксуен ентериер и ветување за уште подобра динамика на патот.

Од Nissan велат дека голем дел од промените на изгледот на Patrol NISMO 2021 се поврзани со потребата, наложена од оптимизираната аеродинамика и суспензија на автомобилот.

Како основа за развој на суперспортската верија на теренецот, од компанијата користеле ниво на опремување Patrol V8 LE Platinum City, кое, сепак, било сериозно развиено со поагресивна визија, спортско однесување на патот и дури и заден модул за светла за магла со стил инспириран од оној на болидите во Формула 1.

 

Што се однесува до внатрешноста на Patrol NISMO 2021, од Nissan им ветуваат на локалните корисници уште полуксузни перформанси.

Се ветува подобра изолација на бучава и вибрации и целокупно подобрување на комоција, и покрај вовеудвањето на 22-инчни тркала и специјално модифицирана суспензија на Bilstein.

Nissan Patrol NISMO 2021, V8 моторот кој ветува максимална моќност од 428 коњски сили и максимален вртежен момент од 560 Нм, се нуди по цена од 105.000 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK