Mondeo ќе живее само уште една година

ОБЈАВЕНО НА:

Последната вест која доаѓа од Ford се однесува на моделот Mondeo. Овој модел во понудата во Северна Америка и Европа ќе остане само уште една година односно до март 2022 година.

Тоа значи дека уште само 12 месеци моделот ќе излегува од фабриката во Валенсија, а причината за тоа е значителниот пад на продажбата и ориентираноста на купувачите кон кросоверите. Ова значи дека во Европа нема да има место за Mondeo, како и за Fusion во Северна Америка.

Овој модел, со поголеми димензии ќе остане во понудата во Кина каде ќе се произведува и продава и во наредните години.

За потсетување, првата генерација на овој модел беше претставен во 1993 година. Досега се претставени четири генерации, а историски гледано, овој модел се произведувал во Белгија, Русија и Шпанија. Наследник на овој модел ќе биде целосно нов модел кој ќе се темели на новата платформа, а кој ќе биде достапен и во електрична верзија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK