Брендови кои биле во Топ-5 најпродавани по месеци во 2020. Можно е да има некое отстапување, но во ситуација кога нема прецизна информација оваа на www.24auto.mk сигурно ќе биде приближно најточна.
Во Македонија со години наназад не се води т.е. објавува официјална статистика на бројот на продадени нови автомобили. Единствена која официјално се објавува е бројот на увезени автомобили. Секако, тоа не покажува многу бидејќи дел од тие автомобили може да не се продадат иако се увезени.
24auto.mk дојде до бројки за продажбата по брендови и по месеци за минатата календарска година, и тоа со вкрстување на повеќе податоци. Можно е да има некое отстапување, но во ситуација кога нема прецизна информација оваа на www.24auto.mk сигурно ќе биде приближно најточна.
За разлика од аналитичките податоци, ние ви ги нудиме најпродаваните пет бренда во секој месец. Skoda и Toyota се единствените брендови во Македонија кои се наоѓаат во топ 5 најпродаваните секој месец.
Чешкиот производител беше најпродаван бренд во дури 8 месеци од годината, а најмногу возила продаде во февруари минатата година, дури 78. Toyota беше најпродаван бренд во три месеци, а најмногу автомобили продаде во септември, 55. Минатата година Skoda продаде 517 автомобили додека Toyota 427 автомобили. Со тоа чешкиот производител е најпродаванито бренд во Македонија минатата година.
По Skoda и Toyota кои се наоѓаат во сите 12 месеци во топ 5 најпродавани брендови, следи Volkswagen кој на листата топ 5 најпродавани автомобили се наоѓа во седум. Kia седум месеци од минатата година продала автомобили доволно да биде во топ 5 тие месеци. Следи и Citroen кој во шест месеци од годината беше во листата топ 5 најпродавани брендови.
Во продолжение е прикажана продажбата на најпродаваните 5 брендови на месечно ниво за сите 12 месеци.