Mini станува целосно електричен бренд

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќе германски медиуми, потпирајќи се на интерни извори од BMW Групацијата, објавија дека Mini наскоро ќе стане бренд за производство само на електрични автомобили.

Планот на еден од најголемите германски производители е до 2030 година во понудата на Mini да има само електрични возила. При тоа, се очекува последната премиера на нов Mini модел со SUS мотори се случи во 2025 година.

Најголемо влијание врз оваа одлука на германскиот производител има Great Wall Motors и договорот кој го потпишаа двете компании. Така во иднина, голем дел од електричните модели на Mini ќе бидат произведувани од страна на овој кинески производител. Со тоа фокусот ќе се задржи на кинескиот и европскиот пазар како клучни за британскиот бренд.

Доколку се исполнат овие планови, тогаш Mini ќе биде првиот европски производител на автомобили кој ќе произведува исклучиво електрични автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK