Едицијата “Не е за секого моќен автомобил” е побогата за уште еден пример од Турција. Станува збор за несреќен возач на Ferrari 458 Italia Spider кој се посрамоти пред возбудените набљудувачи на овој спортски автомобил.
Се започнува кога возачот го зема автомобилот од пералница па веднаш по излегување од истата, најверојатно поради недоволното искуство, губи контрола по што мава во бетонскиот остров кој ги одделува двете ленти.
Видеото трае неколку секунди па не се знае што потоа се случува. Она што е сигурно е дека автомобилот заврши со помали каросериски оштетувања и без повреда на возачот. Видеото може да го погледнете во продолжение.
https://youtu.be/kcjHV10PUYw