Vоlkswаgеn ќе ги чува Gоlf, Pаssаt, Tiguаn и T-Rос

ОБЈАВЕНО НА:

Од Vоlkswаgеn минатата недела ја објавија новата стратегија, која е насочена главно кон елетричните автомобили и ги остава во заден план оние со мотори со внатрешно согорување. Компанијата објави дека ќе претстави барем по еден електричен автомобил секоја година и ги претстави плановите за во иднина.

Иако компанијата планира да се движи кон електрични автомобили, тоа не значи дека ќе престанат да се произведуваат целосно и непречено такви со мотори со внатрешно согорување. Како што може да се прочита и во насловот, Vоlkswаgеn плaнирa дa претстави уште по една генерација на Gоlf, Pаssаt, Tiguаn и T-Rос.

Ова не е изненадување со оглед на тоа дека се едни од најпродаваните модели, како на брендот, така и како целост кај автомобилите.

Иако моделите ги задржуваат традиционалните мотори, тие, сепак, ќе добијат електромобори и ќе станат дел од plug-in хибрид понудата на германската компанија. Секој следен модел ќе добие батерија и можност за околу 100 километри само на струја.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK