Лансирана и Pro верзијата на Skoda Octavia

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2019 година во Млада Болеслав во производство влезе четвртата генерација на Skoda Octavia. Сега, по две години, претставена е и Pro верзијата на овој модел која е наменета за кинескиот пазар.

Дизајнот е идентичен како и основната верзија, а најголемата разлика е во димензиите. Така Pro верзијата нарасна за 6 см. па така изнесува 4.753 мм. Нарасната е и меѓуоскиното рстојание па тоа сега изнесува 2.730 мм. Благодарение на овие димензии, пространоста во внатрешноста, како за патниците, така и багажниот простор е зголемено.

Измена има и во мотористиката. Така Pro Octavia ќе биде понудена со два бензински мотори: 1,2 литарски TSI мотор со 116 КС и 200 Nm обртни моменти кој доаѓа со шест степен мануелен менува и 1,4 литарскиот TSI мотор со 150 КС и 250 Nm кој е достапен и со седум степен DSG менувач.

Продажбата стартува уште во април откако овој месец ќе започне и производството кое VW ќе го спроведува заедно со SAIC.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK