Британците тестираат „тунели“ што го апсорбираат загадувањето

ОБЈАВЕНО НА:

Автопатиштата во Велика Британија може да бидат претворени во тунели, покриени со материјали со моќ да го апсорбираат загадувањето. Тоа би било обид да се намалат штетните емисии и подобри квалитетот на воздухот, објави The Guardian.

Во моментов експерти од Транспортна агенција во Велика Британија, истражуваат холандска идеја за конзола на завеси над најзагадените делови од патот. Целта е да се спречи максималниот степен на вдишувањето на штетните автомобилски гасови од локалните жители.

Лошиот квалитет на воздухот предизвикува смрт на 40.000 луѓе годишно во Велика Британија, а нивото на штетните емисии во многу области е над европските директиви. Владата два пати имаше свои планови за справување со проблемот, а истите беа прогласени за незаконски од страна на судовите.

Плановите за новите тунели се опишани во стратешки план за подобрување на воздухот. Според експертите ќе бидат потребни милиони во нови технологии за подобрување на квалитетот на воздухот околу патиштата во следните пет години. Англиското Министерство за транспорт прогнозира дека сообраќајот ќе се зголеми за 55 отсто меѓу 2010 и 2040 година.

Технологијата веќе се тестира во близина на Манчестер, каде биле издигнати дрвени панели со различна висина од 4 и 6 метри. Вториот тест е со три метри ограда, покриена со минерален полимерен материјал, способен да апсорбира азотен диоксид.
Во моментов се изведуваат и тестови за емисиите од голем број на дизел автомобили, користејќи нов вид гориво, за која се верува дека помага за подобрување на емисиите како на автопатиштата, така и во градско возење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK