Вака ќе изгледа новата Dасiа Dustеr?

ОБЈАВЕНО НА:

Сегашната генерација на Dасiа Dustеr на пазарот е веќе три години што не е толку многу во светот на автомобилите, но се очекува фејслифт на теренецот на романскиот бренд. Откако Lоgаn и Sаndеrо беа целосно реновирани за моделската 2021 година, падна одлука да се покаже како ќе изгледа дотерувањето на фејслифтот на втората генерација на Duster.

Дотерувањето тешко дека ќе вклучува многу нови промени, како што се очекуваше фаровите ќе бидат изменети и ќе следуваат новиот дизајн, кој од брендот веќе се најавува кај новите автомобили.

Фаровите со нов дизајн на LED светлата ќе бидат најочигледната промена во предниот дел, а оклопот со изменета решетка ќе ги дополнува новостите во предниот дел. Изменетите фарови за магла нема да се изненадување на ажурираниот изглед на Dustеr.

Измени веројатно ќе има и на задниот дел каде што стоп светлата исто така ќе бидат со нови форми, а барем два нови дизајни на бандажите ќе бидат достапни за теренецот. Дали рендерот, кој е претставен во дизајнот ќе може да се совладне со обновениот Duster ќе се дознае подоцна годинава или на почетокот на следната кога се очекува Dacia да ја покаже новата визија на единствениот брз автомобил во понудата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK