За оние што ја ценат одржливоста, дизајност и високата технологија – Audi e-tron GT (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Audi навлегува во нова ера, а со моделот e-tron GT, компанијата покажува дека планира да ја формира иднината на мобилноста. „Најубавиот автомобил, кој некогаш сум го скицирал“, вели главниот дизајнер на Audi, Марк Лихте, кога брендот го престави Audi e-tron GT Concept како ревијален автомобил во Лос Анџелес во текот на есента во 2018 година. Чисто електричниот Gran Turismo ќе биде пуштен во исто време со двете верзии во текот на пролетта во 2021 година – e-tron GT quattro и RS e-tron GT.

Во групацијата, e-tron GT дели иста платформа со Porsche Taycan. Првиот впечаток од автомобилот – фаровите со ласерска светлина (на барање на клиентот) се белег на Audi, а големиот дифузер одзади е шлаг на тортата. Ниската решетка со единечна рамка во бојата на каросеријата е повеќе од привлечна, рамниот стаклен покрив со линија која се спушта назад уште од рана етапа, навестува за силен спортски автомобил.

Бандажите со димензии од 19 до 21 инчи ги потцртуваат спортските способности на е-tron GT, дури кога автомобилот е неподвижен. Палетата на боите се состои од девет бои, вклучувајќи ја новата „тактичко“ зелено. Во зависост од бојата, единечната рамка се нуди во боја на автомобилот или светло сиво во Менхетен или во црно со странични правоги и дифузер во пакетот за стил. Се нудат и три различни карбон пакети. На барање, Audi може да ги снабдува и куќиштата на надворешните ретровиори и целиот покрив, изработени од пластика зајакната со јаглеродни влакна (CFRP).

Како и кај сегашните модели од висока класа на Audi, тука важи истото правило – основата за добриот дизајн се пропорциите. Со други зборови – долгото растојание меѓу оските, широката патека, големи тркала и рамна силуета, E-tron GT ги има сите овие пропорции, Неговиот диајнерски јазик претставува почетна точка за дизајнот на претстојните електрични модели на Audi – во иднина тие ќе имаат многу помазен надворешен дизајн отколку денес.

Внатрешноста одговар на онаа на класичниот автомобил од типот Gran Turismo. Возачот и патникот од напред седат разделени еден од друг со широка централна конзола во спортска длабочина, задните седишта исто така нудат доволно место за возрасни.

Според производителот Audi e-tron GT е насочен првенствено на барањата ориентирани кон перфоманси на ентузијасти на автомобили, кои ја ценат одржливоста, дизајност и високата технологија. Тие се претежно на средна возраст и образовани, поради што имаат високи месечни примања и можат да си дозволат неколку автомобили.  Својата страст за силно забрзување тие обично ја комбинираат со љубовта кон деталите, како и максималната прецизност и највисокиот квалитет со производите на Audi.

Audi e-tron GT

Во e-tron GT quattro предниот електромотор нуди моќност од 175 кВт/238 коњски сили, а задниот 320 кВт/435 коњски сили. И двата електромотори имаат резерви, подготвени за екстремни ситуации на возење поради што сумата од нивните индивидуални моќности значително ја надминува вкупната моќност на пононот од 350 кВт/476 коњски сили според производителот.Во режимот на форсаж при Launch Control се нудат до 390 кВт/530 коњски сили за временски интервал од 2,5 секунди. Вкупниот вртежен момент е 630 Нм. Во RS e-tron GT, електромоторот на предниот мост исто така испорачува 175 кВт/238 коњски сили додека моторот одзади 335 кВт/456 коњски сили.  Вкупната моќност е 440 кВт/598 коњски сили, а вкупниот вртежен момент достигнува 830 Нм. Во форсаж моќноста се големува за кратко до 475 кВт/646 коњски сили. Вистинско тркачко ниво!

Целосно електричниот Gran Turismo од Audi нуди динамични карактеристики и во вериите со два мотори – e-tron GT quattro забрува од нула до 100 км/ч за 4,1 секунди, моделот RS за 3,3 секунди. Максималната брзина е ограничена до 245 или 250 км/ч.

Во e-tron GT quattro предниот електромотор нуди моќност од 175 кВт/238 коњски сили, а задниот 320 кВт/435 коњски сили. И двата електромотори имаат резерви, подготвени за екстремни ситуации на возење поради што сумата од нивните индивидуални моќности значително ја надминува вкупната моќност на пононот од 350 кВт/476 коњски сили според производителот.

При Launch Control се нудат до 390 кВт/530 коњски сили за временски интервал од 2,5 секунди. Вкупниот вртежен момент е 630 Нм. Во RS e-tron GT, електромоторот на предниот мост исто така испорачува 175 кВт/238 коњски сили додека моторот одзади 335 кВт/456 коњски сили.  Вкупната моќност е 440 кВт/598 коњски сили, а вкупниот вртежен момент достигнува 830 Нм. Во форсаж моќноста се големува за кратко до 475 кВт/646 коњски сили. Вистинско тркачко ниво!

https://youtu.be/StkkIdBY5r0

На располагање е високотехнолошка шасија со функции како воздушна суспензија со три комори, погон на сите тркала (опционално) и прилагодлив заден диференцијал. Според производителот километражата со едно полнење е до 488 километри (според циклусот WLTP), што е дозволено од батеријата со нето капацитет од 86 кВтч.

Audi e-tron GT quattro стартува во Германија со цена од 99.800 евро, додека RS e-tron GT quattro од 138.200 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK