Основното Porsche Taycan е првиот автомобил на брендот без кожа во внатрешноста (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

После лансирањето на пазарот на Taycan Turbo S, Taycan Turbo и Taycan 4S, Porsche објави дека од март годинава во продажните центри на брендот ќе биде додадена уште една модификација на електричниот автомобил.

Новата понуда се вика само Taycan и како што сугерира неговото име се јавува како основна верзија во модификациското портфолио на електомобилот.

Главната карактеристика на Taycan е таа дека се напојуваат само задните тркала, а клиентите ќе можат да избираат меѓу две батерии во зависност од капацитетот – со стандардната Performance Battery (79.2 kWh) основната верија на моделот доаѓа со 408 коњски сили, а при избор на Performance Battery Plus (93.4 kWh) моќноста се големува до 476 коњски сили. Во зависност од иборот, сопствениците ќе можат да сметаат на автономија од 431 до 484 километри.

Porsche Taycan

Porsche Taycan ветува можност за забрзување од 0 до 100 км/ч за 5,4 секунди, максималната брзина на движење е 230 км/ч, а во зависност од интегрираната батерија, полнењето може да се иврши со соодветно 225 и до 270 Kw во присуство на релевантна инфраструктура. Според пресметките на компанијата ова овозможува можност а полнење од 5 до 80% за 22,5 минути и дополнителна километража од 100 километри само после пет минути полнење.

Taycan, кој се нуди по цена од 83.520 евро (за Германија), е интересен и поради уште една причина. Тој е првото Porsche, кое може да биде порачано во верзија без какви и да било кожни елементи во ентериерот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK