Иако се шпекулираше дека Subaru ќе го напушти европското тло сепак од производителот потврдија дека и оваа година ќе ги нудат своите возила во Европа. Одлуката е донесена и покрај катастрофалната продажба од само 17.013 нови возила минатата година што е скоро за 50% помалку во однос на 2019 година.
Истовремено со оваа одлука доаѓа и освежениот XV кој ќе биде понуден на глобалниот пазар. Она што е ново во однос на актуелната генерација која е претставена во 2017 година. е предниот дел кој е за малку разубавен. Мали измени има и на задниот дел како и во внатрешноста.
Во понудата се и новите бои Lapis Blue Pearl, Horizion Blue Pearl и Plasma Yellow Pearl. Тука е и напредната технологија како и подобрените 1,6 бензински и 2,0 бензински мотор во комбинација со хибриден погон.