Во кои земји е најскапо осигурувањето на автомобил?

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ги регистрирате автомобилите една од ставките за која најмногу приговараме е токму осигурувањето на истите. Сите сметаме дека тоа е прескапо, иако споредено со многу други земји истото е многу ниско. Во некои земји задолжително, а во некои опционално. Како и да е, осигурувањето на автомобил е значително оптоварување на семејниот буџет.

Ashburnham-insurance направи рангирање на земјите со најскапо осигурување на автомобил, а листата започнува со Соединетите Американски Држави.

Жителите на оваа земја во просек плаќаат по 1.706,86 американски долари годишно за осигурување автомобил, а највисоко е во сојузната држава Лујзиана каде изнесува 2.699 долари. Жителите пак во Њу Хемпшир и Вирџинија не плаќаат ништо.

Втора на листата е Австрија каде е задолжително автоосигурувањето. Месечно, за оваа цел се плаќа од 60 до 150 евра односно од 720 до 1.800 евра годишно. Следи Германија со годишен трошок за осигурување од околу 1.400 евра.

Четврта на листата е Велика Британија каде полисата за осигурување на автомобил се движи околу 500 фунти, а во зависност од автомобилот и тоа што се осигурува цените се движат и до 2.500 фунти годишно.

Листата завршува со Австралија каде просечните трошоци за осигурување изнесуваат 735 австралијски долари. Во Сиднеј тоа изнесува 1.175 долари, а во просек, жител на Австралија годишно за осигурување одвојува 1,5% од вкупниот годишен буџет.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK