Дека кинеските производители се повеќе од амбициозни и сериозни кога е во прашање прозиводството на автомобили говори и фактот што последните 3-4 години успеаја да ангажираат врвни дизајнери и инжинери од познатите европски производители.
Последен во низата ангажмани кои ја докажуваат решителноста на кинеските производители за глобална доминација, го направи Geely, кој важи за еден од водечките, ако не и водечки кинески производител.
Овој производител успеа да го ангажира 58 годишниот германски дзиајнер Штефан Зилаф, поранешен дизајнер во Audi, Mercedes-Benz и Bentley,
Тој во Geely ќе работи како дел од дизајнерскиот тим на овој производител, но ќе биде вклучен и во дизајнот на автомобилите од останатите брендови во Geely Group.