Изгуби Volkswagen, а не Турција!

ОБЈАВЕНО НА:

Турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, за прв пат јавно, на долго и широко, зборуваше за одлуката на Volkswagen да ја стопира инвестицијата во Турција.

За потсетување, германскиот производител ја стопираше инвестицијата од стотици милиони евра во оваа земја, иако беше потпишан договор за изградба на фабриката. Стопирањето на инвестицијата следеше откако Турција воено интервенираше во Сирија, па под притисок, Volkswagen мораше да се одлучи на таков чекор.

“Не сме ние тие, туку Volkswagen, кој ќе изгубат со овој потег. Во овој случај ќе изгуби Volkswagen, а не Турција, бидејќи признаа дека своите инвеститори ги прелажаа со политички, а не економски одлуки” изјави Мустафа Варанк.

Наместо во Турција, Volkswagen инвестицијата ја пренамени во Словачка со што практично извисија и останатите балкански земји кои беа во конкуренција на Турција.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK