Kia наскоро со пет нови модели!

ОБЈАВЕНО НА:

Иако 2021 година само што почна од автомобилските производители веќе се подготвуваат да завладеат на пазарот со нови модели. Меѓу нив е Kia, која не само што го редизајнираше својот бренд туку ја преиспита и својата понуда. Во 2021 година компанијата планира да ги зајакне своите пазарни позиции со актуелизирана палета на модели.

Jужнокорејскиот производител го претстави актуелизираното лого и мотото. Ако порано звучеше како „моќ да изненадиш“, сега се претвори во „движење кое инспирира“.

Пет нови модели исто така се во процес на подготовка за пазарно деби. Веќе се познати три од идните автомобили на Kia, а тоа се: хибридот Kia Sorento, и новите генерации на Sportage и Niro. Новиот миниван Carnival/Sedona исто така во блиска иднина ќе се најде на пазарот.

Друга новина е електричниот автомобил од средна класа, кој ќе се биде конкуренција за Tesla Model 3. Километражата со едно полнење на акумулаторот се очекува да биде на ниво од 500 до 600 километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK