Најпопуларниот германски амгазин за авотмобилизам AutoBild објави рендер за можниот изглед на SUV моделот на Dacia кој доаѓа со седум седишта.
Новиот нискобуџетен SUV би требало да се темели на CMF-B платформата развиена од Renault-Nissan Алијансата. Истата оваа платформа ја користи и новата генерација на Renault Clio, но за разлика од него, новиот романски SUV би бил подолг за нешто повеќе од половина метар.
Во однос на мотористиката, во понудата ќе дојде со истите мотори како и Logan, Sandero и останатите модели на Dacia. Тоа значи дека тука ќе биде 1,0 литарскиот и 1,3 литарскиот турбобензински мотор како и добро познатиот 1,5 dCi турбодизелски мотор.
Комерцијализацијата на овој модел би требало да се случи во првата половина на 2021 година.