Горат како кибрит – се запали уште една Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси да не помине месец без да бидеме сведоци на тврдења според кои автомобилите на Tesla се самозапалиле.

Последниот во низата настани се случи на американско тло. Сопственикот и возач на моделот S, Усмаан Ахмад слушнал чуден звук по што возилото започнало да чади, а потоа и да гори. Настанот се случил на улица во Далас, но пожарникарите не успеале навремено да го изгаснат автомобилот.

За овој настан се уште Tesla нема официјално соопштеније за што станува збор. За потсетување, американскиот производител најпрво ги негираше обвинувањата за тоа дека нивните возила се самозапалуваат за во текот на оваа година и официјално да го признаат тоа.

https://youtu.be/fvVT_kyiiMw

Претходно, поради опасност од пожар, General Motors и Audi наредија повлекување на електрични возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK