Знаете ли? Во кои европски земји се вози од левата страна

ОБЈАВЕНО НА:

Велика Британија (Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска) е првата земја која асоцира на возењето на левата страна. Но тоа не е единствена земја во Европа.

Помалку познат е фактот дека на истата оваа страна во Европа, се вози и во Гибралтар, Република Ирска, Кипар и Малта. Тоа значи дека во Европа, во моментов, на левата страна се вози во вкупно четири земји и една територија со што големо мнозинство останува да вози на десната страна.

Но историјата кажува нешто сосема друго. Во минатото во повеќето земји се возело на левата или истовремено, под одредени околности, и на левата и на десната страна.

Така, само на левата страна се возело во Португалија, Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Финска, Шведска и Исланд. Мешано се возело во Шпанија, Италија, Австрија, Полска, Украина, Молдавија и Романија.

Во останатите земји, како Франција, Германија, Белгија, Холандија, Норвешка, Турција, Русија, Белорусија, отсекогаш се возело на десната страна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK