Европската унија најави построга емисиска норма Еуро 7, која би можела да стане актуелна од 2025 година, а според неа нивото на издувните гасови од ауспусите на автомобилските мотори би морало да падне на 30 милиграми по километар. Ова е на ниво на статистичка грешка односно уред за мерење и не се така прецизни за да го измерат нивото на неисчистен воздух.
Од јануари 2021 година со нормата Еуро 6д, граниата ќе биде поставена на помалку од 80 mg/km во тест лабораторијта, но и во реални услови. Исклучителна е границата за грешка на уредите од 34,4 mg/km. Тогаш е јасно колку ригорозна е нормата Еуро 7.
За повеќето произведувачи на автомобили тоа е еднакво на катастрофа бидејќи во тој случај е тешко да се одржува производството на класични бензинци и дизели. Дури и со 48 волтни хибриди може да биде незгодно.
Автомобилите би поскапеле драматично. Голема жртва би можеле да бидат и разните менувачи бидејќи според зборовите на неименуваниот инженер на Volkswagen би било потребно во сите автомобили да се вградат автоматик менувачи за прецизно да се одредува менувањето на секоја брзина и така да се оптимизира потрошувачката (и емисиите). Инженерот вели дека во тој случај автомобилите би се однесувале како да се на терапија со таблети за спиење.