Alfa Romeo ја претставува новата понуда на Stelvio и Giulia Ti

ОБЈАВЕНО НА:

Моделската година 2021 на Giulia и Stelvio е интуитивно обновена според очекувањата на клиентите, кои бараат спортско возење и кои претпочитаат исклучителна комоција и елеганција во автомобилот. Giulia и Stelvio дебитираат во серијата „Veloce Ti“, перфектна комбинација на спортско и безбедно однесување на патот, инспирирани од топ варијантата на брендот Quadrifoglio, опремени сега со нови и поефективни мотори.

Новата понуда Veloce Ti на Stelvio може да се пофали со нов и различен заден браник, дополнителен дифузер. Првпат во моделот се вклучуваат и чисто нови алуминиумски бандажи, кои ги потенцираат динамичните квалитети на автомобилот благодарение на силната спортска нијанса и го надградуваат првиот СУВ  на италијанскиот бренд. Новите бандажи се нудат со двојно полиран и сребрен слој и со специфичен дизајн како во верзијата Quadrifoglio.

Иницијалите „Ti“, секогаш ги одликувале моделите со типично италијанска елеганција, додека зборот „Veloce“ е зачуван за поефективни и спортски верзии.

Новата понуда на Veloce Ti претставува техничко и моторно совршенство на моделот, кој го комбинира спортскиот дух на Veloce со уште поволшебниот стил. Стандардната опрема е со многу и различни опции и најмодерни технологии, кои потсетуваат за некои од додатоците во верзијата Quadrifoglio, со која Veloce Ti споделува некои елементи од стилот како од надворешноста, така и од внатрешноста.

Ентериерот наликува на оној од верзиите Quadrifoglio со спортски седишта во кожа и алкантара, боја „црн император“ и екслузивните облоги, кое дава признак на уште поспортски вид на автомобил. Giulia и Stelvio Veloce Ti се опремени со бензинови мотори 2.0 Turbo со моќност од 200 коњски сили и 2.0 Turbo со моќност од 280 коњски сили, како и верзија со 2.2 турбо дизел со моќност од 210 коњски сили.

Сите се комбинирани со осумстепен автоматски менувач и погон на четири тркала Q4. Моторите со четири цилиндри, се изградени целосно од алуминиум со јаглеродно вратило.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK