Каков ќе биде новиот Nissаn Qаshqаi 2021?

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појавија официјални фотографии на ентериерот на третата генерација на Nissаn Qаshqаi. Новата генерација на кросоверот на Nissаn ќе биде претставен на почетокот на следната година. За потсетување, поради коронавирусот презентацијата беше одложена за неколку месеци.

Фотографиите сугерираат дека новиот 2021 Nissаn Qаshqаi ќе добие првпат конфигурирана група за виртуелни инструменти. Исто така сензорскиот екран ќе стане поголем, а за дополнителен надомест ќе се понуди и проекција на шофершајбната (хеад ап дисплеј) и системот за безжично полнење на смартфон.

Уште нешто интересно е дека новиот Nissаn Qаshqаi ќе порасне до 4.402 мм нa должинa, дo 1.838 мм нa ширинa и дo 1.620 мм во виcинa. Растојанието меѓу оските е 2.666 мм. Предвид се поголемите димензии и ентериерот ќе стане попротран, а обемот на багажникот ќе се зголеми до 504 литри.

Дизајност исто така ќе се смени. Кросоверот на Nissаn ќе биде многу сличен на новиот Jukе. Познати се и карактеристиките на моторите на Nissаn Qаshqаi 2021. Тој ќе добие 1.3-литарски бензинови турбо мотори (138 и 155 коњски сили), како и варијанта со хибриден мотор. Дизелите нема да се нудат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK