Данска е последната Скандинавска земја која ги објави своите амбициозни планови за намалување на загаденоста на воздухот.
Ова земја планира заклучно 2030 година низ улиците во Данска да е движат 775 илјади електрични и хибридни возила со што ќе се редуцираат штетните гасови за 70%.
Во моментов во оваа земја има околу 20 илјади електрични возила што е безначајно доколку се има предвид дека вкупно има 2,5 милиони возила.
За исполнување на амбициозните планови, Владата ќе одвои 2,5 милијарди дански круни што е еднакво на 407,6 милиони американски долари.