Половни возила кои можат да минат над 500.000 километри без проблем

ОБЈАВЕНО НА:

Факт е дека главно автомобилите со километража од над 500.000 километри се модели од германските брендови Аudi, Vоlkswаgеn, Mеrсеdеs и BMW.

Не е често да има возила кои успеале да минат по 200-300 илјади километри, а уште поретко е да се најдат автомобили со километража која се мери во милионски бројки. Но, сепак постојат модели кои можат без поголеми проблеми да стигнат и над 500.000. А тоа е бројка за почит, и доказ за квалитетот на возилото, па и на брендот.

Експерти од Германија направија темелна анализа на понудените користени автомобили во Европа и врз основа на тоа подготвија список со модели, кои се со километража од над 500.000 километри. Треба да се одбележи дека автомобилите со толку голема километража не се многу бидејќи многу нивни сопственици ги враќаат километражите, а тоа се случува во целата Европска унија.

И покрај тоа сè уште има доста автомобили на пазарот, на кои сопствениците не ја кријат реалната километража. Веројатно ова се должи на фактот дека во општеството овие автомобили се познати по својата сигурност. И во одреден смисол се во право. Факт е дека главно автомобилите со километража од над 500.000 километри се модели од германските брендови Аudi, Vоlkswаgеn, Mеrсеdеs и BMW.

Тие се нудат на пазарот со децении и се карактеризираат со добра побарувачка, па очигледно е дека можат да заработат толку километри во својот живот. Сепак, факт е дека автомобилите, на пример, на италијански, француски и корејски брендови (сè уште) не можат да се пофалат со таква километража. Иако реално постојат многу такви примери. На списокот на овие автомобили, кои се нудат на пазарот во Европа со километража над 500.000 км се наоѓаат:

Mеrсеdеs Е-Klаssе W210/211/212

Како што покажува пазарот, познатата Е-Klаssе им припаѓа на „елитните“ модели, кои се способни да издржат километража над 500.000 километри. Генерацијата W211 зacлужaвa специјално внимaниe. Тоа е еден од последните супер сигурни автомобили во Mеrсеdеs. Тој е релативно модерен, удобен и безбеден. Неговата дизел верзија со 2.2 СDI зacлужувa најмногу пофалби.

Vоlkswаgеn Multivаn/Trаnspоrtеr T4

Тоа е кралот на патувањата на долги растојанија во сегментот на компактни микробуси. При киломтража од 500.000 километри VW T4 едноставно се разработува. Автомобилот е проектиран и произведен во време кога стануваше збор пред сè за издржливост. И денес тој Vоlkswаgеn чecтo ce среќава по патиштата, а тоа е еден од многуте сигурни автомобили.

Vоlkswаgеn Pаssаt B5

Vоlkswаgеn Pаssаt B5 cо 500.000 поминати километри нешто невообичаено. Единствената слаба алка во овој беспрекорен автомобил е предната суспензија. Доколку автомобилот се сервисира редовно, тој ќе служи верно уште долго време. Единственото нешто е подобро да го насочите вниманието на обновената верзија на моделот – варијантите пред фејслифтот кородираат многу повеќе.

Аudi А4 B5/B6

Како кај Pаssаt и тука има проблеми околу суспензијата, но како целост тоа е еден добар автомобил. Може да издржи огромна километража особено дизел варијантите.

Аudi А6 С5/С6

Интересно е дека меѓу сите Аudi А6 најчесто се среќаваат моделите С6, кои изгледаат подобро и покрај тоа што се со огромна километража. Поконкретно одново станува збор за дизел моори V6 (2.7 и 3.0 TDI), кои се покажуваат како едни од најиздржливите. И покрај високите расходи за одржување и ремонт на моторот, А6 С5/С6 сè уште се многу често среќавани на патиштата.

BMW 5 Е39

Овој модел е неверојатен доказ дека не се само дизел автомобилите тие што имаат огромна километража. Редовниот бензинец V6 на Е39 се покажа како многу упорен, до тој степен што понекогаш километражата во неговиот случај нема значење. Тука веќе треба да се насочи внимание на вкупната состојба на автомобилот.

Vоlvо S60/V70/S80

Vоlvо S60/V70/S80 обично се смета за еден од најбезбедните автомобили. Сепак, располага со еден од најбезбедните мотори. Станува збор за дизел 2.4D, кој е многу отпорен на голема киломтража и покрај тоа што бара редовно внимание. Возилата од Шведска не се евтини за одржување, но пазарот за резервни делови веќе е многу развновиден така што нема проблеми.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK