Renault ги објави првите информации и фотографии од своите нови модели на патнички и лесно товарни модели, Kangooи Express кои ќе бидат лансирани на пазарот следната пролет.
Француската компанија најавува дека новите KANGOO и EXPRESS ќе ги исполнат очекувањата и барањата на потрошувачите уште подобро, a еден од елементите за постигнување на ова се лесниот страничен пристап и лесните странични конструкции на Kangoo Van, (Easy Side Access и Easy Inside Rack) гарантирајќи полесно странично товарање / истоварување и внатрешна конфигурација.
Друга интересна поента за новите KANGOO и EXPRESS е дека двата автомобили ќе бидат достапни во целосно електрични верзии, а целото портфолио на комбињата на марката ќе бидат електрифицирани до 2022 година.
Новиот Kangoo Van ќе биде опремен со систем за поврзување и мултимедијален систем Renault EASY LINK, како и целосно дигитален ретровизор за гледање позади, асистенција за замав на приколка, контрола на стабилност на сопирање, напредно активно сопирање во итни случаи и уште други системи. (Trailer Swing Assist, Brake Stability Control, Advanced Emergency Active Braking)
Renault Kangoo и Express
Автомобилот ќе излезе на пазарот во две верзии на должина, со мануелен и автоматски менувач, како и избор помеѓу бензински и дизел мотори, и погон на струја. Во зависност од конфигурацијата, просторот за товарање на новиот Kangoo Van ќе биде од 3,3 до 3,9 кубни метри во стандардната верзија и од 4,2 до 4,9 кубни метри во својата долга верзија.
Во однос на патничката верзија на новиот Kangoo, Renault вели дека ќе ги задоволи потребите на активните семејства, со пет седишта во целосна големина, повеќе оддели за багаж и генијални решенија за внатрешни работи.