Alfa Romeo Stelvio е добитник на овогодинешната награда за најдобар дизајн која ја доделува секоја година „Auto, Motor und Sport“.
Најголем придонес за оваа награда имаат читателите кои повеќе од 16.000 учествуваа во анкетата на германскиот магазин. Најголем дел од нив во категоријата за “Најубав SUV” гласаа за италијанскиот претставник.
Најголем дел од наградите ги собра Audi чии автомобили победија во пет од вкупно 10-те категории. Наградени автомобили на германскиот производител беа: A1 citycarver, A3, Q3 Sportback, A5 и RS 6 Avant.
Инаку овој магазин секоја година ја доделува оваа награда која има се поголем и поголем импакт.