AutoBild го враќа “отпишаниот” Ford Capri

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Capri во сите три досегашни генерации беше вистински бестселер на Ford. Неговата популарност беше забележана како во Европа така и во Северна Америка, Јужна Америка и Австралија.

Токму инспирирани д неговата популарност, германскиот магазин AutoBild ја претстави илустрацијата на Capri на 21. век.

Секако, производството на овој модел за жал не е во плановите на американскиот производител, но дали бројните позитивни реакции ќе го премислат Ford останува да видиме.

Инаку моделот Capri во производство влезе во ноември 1968 година, и е целосно развиен од европската дивизија на Ford. Првата генерација се произведуваше до декември 1973 година и тоа во четири фабрики ширум светот: Велика Британија, Западна Германија, Австралија и Јужна Африка.

Последниот примерок е произведен во Австралија во 1994 година под називот SA30.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK