И возилата надвор од гаранција заслужуваат квалитетен сервис и резервни делови

ОБЈАВЕНО НА:

Ако вашиот автомобил веќе не е под задолжителната гаранција што ја дава фабриката тоа не е причина повеќе да не се грижите за него подеднакво квалитетно, стручно и да добива проверени резервни делови. За моделите на Renault, импортерот Аутомoтив Груп спроведува сервисна кампања под името „Се уште во форма“.

Се однесува за возилата Renault Clio, Renault Megane и Renault Scenic постари од пет години. Со кампањата се опфатени промена на плочките за сопирање, основен редвен сервис, голем редовен сервис и промена на сет ребраст ремен.

Сега цените се навистина конкурентни, а квалитетот гарантиран. A кога тоа го прави овластен сервис тогаш нема да имате никакви грижи. Сервисниот центар на брендот e комплетно дезифициран (дезинфицирање на просторот на прием на клиенти на секој час). Внимателно и одговорно се прати процедурата на превземање на клучевите на автомобилот, и нивна дезинфекција. Контактните површини за работа се поминуваат со средства за дезинфекција пред и по работа на возилото.
Посебен ред на прием и комуникација на означена далечина внимателно следејќи ги препораките од Министерството за Здравство.

Се препорачува телефонски и online да сè контактира сервисот за сите прашања и посета со претходно закажан термин на телефонскиот број 02/2 727 234 како и на маил: priemno@renault.mk.

Работно време на сервисен центар:
Понеделник – Петок : 08:00 – 17:00 часот
Сабота: 09:00 – 13:00 часот

Следете не и на:

24AUTO NETWORK