Fiat за секого – најевтиниот нов Fiat по цена од 6.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat на пазарите во Латинска Америка го претстави подновениот Mobi кој е најевтиниот нов Fiat.

Почетната цена на овој модел за основното ниво на опременост изнесува речиси 6 илјади евра што го прави овој модел најевтин Fiat, поевтин дури од моделот Panda кој е најевтиниот Fiat во Европа.

Станува збор за мал автомобил кој е со должина од само 3.566 мм. За прв пат во понудата е воведен во 2016 година кога и започна производството во фабриката лоцирана во близина на бразилскиот град Бетим.

Fiat Mobi

Минатата година во Бразил овој автомобил беше продаден во 53.444 примероци, додека во Аргентина беа продадени 5.264 примероци. Заклучно минатата година продадени се 237.121 примерок од овој модел.

Го чекаме и во Европа…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK