Кога нема Формула 1 трка се има време за тестирање. Возачите на Alfa Romeo Racing Orlen F1, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци ги тестираа GTA и GTAm верзиите на Alfa Romeo Giulia.
Тестирањето го спроведоа на патеката Балоко во близина на Торино, патека на која се тестирани најпознатите модели на Alfa Romeo, Ferrari, Lancia, Maserati и Fiat во минатото.
На својот YouTube канал италијанскиот производител објави кратко промотивно видео од овој настан.
Овие две верзии се со поголема аеродинамичност од класичната Giulia, а оттука располагаат и со подобри перформанси. Инспирацијата за двете верзии потекнува уште од 1965 година од истоимениот модел кој ја носеше оваа додавка која всушност значи „Gran Turismo Alleggerita“.