Bugatti Chiron Pur Sport забрзува за 2,3 секунди до 100 км/ч! (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Сериската верзија на Chiron Pur Sport, која во моментов ја прават во Мулсхајм во Франција е ограничена до 60 примероци и чини три милиони евра (нето).

За Bugatti секогаш имало интересни прашања, а меѓу нив е и тоа зошто брендот за милионери произведува спортски автомобили кои се побрзи од секој друг. Секое задоволство има и своја цена, а таа е изразена најчесто со седум цифри.

Сега клиентите можат да направат тест на најагилниот член на семејството Chiron. Претходно само домашните професионални пилоти можеа да го возат моделот.

„Апсолутно треба да го испробате овој хипер спортски автомобил за да почувствувате нешто специјално, за да можете да ја оцените извонредната работа на целата екипа зад него. Нашите клиенти можат да тестираат ја варијантата Chiron Pur Sport во целост на пистата во Билстер Бер и потоа да се убедат во неговата соодветност за секојдневна употреба на јавните патишта“, вели претседателот на Bugatti Стефан Винкелман.

Со Chiron Pur Sport, Bugatti го прошири своето портфолио со вклучување на хипер спортски автомобил кој се движи легално по патиштата  и кој има необични карактеристики на возење.

Chiron Pur Sport постојано инсистира на динамика и возење и оди неверојатно брзо особено во свиоците. Тоа го прави идеалното превозно средство за пилоти, кои се возбудени да го тестираат автомобилот во свиоци при граничниот опсег на попречното оптоварување.

Ова е можно благодарение на значителни модификации во областа на погонот, шасијата и аеродинамиката. Овок 8 литарскиот мотор W16 со 1.500 коњски сили и 1600 Нм вртежен момент има 200 вртежи повеќе и сега ја достигнува номиналнта моќност меѓу 6.700 и 6.900 вртежи, а максималното ниво на менување на брзината е 6.900 вртежи.

Bugatti Chiron Pur Sport

Благодарение на 15 проценти пократкиот менувач, Chiron Pur Sport забрзува побрзо и побрутално од Chiron. Од 0 до 100 одзема само 2,3 секунди место 2,4 секунди, од 0 до 200 сега одзема 5,9 место 6,1 секунди. Покрај тоа забрзува до 6-та брзина од 60 до 120 км/ч за 4,4 секунди место за 7,4 секунди. Максималната брзина е електронски ограничена до до 350 км/ч. 

Благодарение на 15 проценти пократкиот менувач, Chiron Pur Sport забрзува побрзо и побрутално од Chiron. Од 0 до 100 одзема само 2,3 секунди место 2,4 секунди, од 0 до 200 сега одзема 5,9 место 6,1 секунди. Покрај тоа забрзува до 6-та брзина од 60 до 120 км/ч за 4,4 секунди место за 7,4 секунди. Максималната брзина е електронски ограничена до до 350 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK