Автомобилот Aston Martin V12 Speedster ќе биде вистинска реткост. Сосема очекувано ќе биде и доста скап и тоа не само поради лимитираната производствена серија од само 88 возила. Засега се споменува дека цената ќе биде најмалку 765.000 фунти што е еднакво на 842.000 евра.
Првите примероци на возилото ќе треба да бидат доставени до купувачите во 2021 година. Британскиот луксузен бренд сега ги покажува и првите фотографии на неверојатниот роудстер.
Како што може да се види од фотографиите, Speedster ќе се нуди без предна шофершајбна, странични стакла и кров.
Aston Martin V12 Speedster
Моторот е 5.2-литарски и 12-цилиндричен и развива моќност од 700 коњски сили, додека максимални вртежен момент е 753 Њутн метри. Тоа дозволува спринт од место до 100 км/ч за 3,5 секунди. Aston Martin ја ограничува максималната брзина до 300 км/ч. Телото на автомобилот се состои целосно од јаглерод.